Ѓорче Петров вечерва е најзагадено во Скопје и втора најзагадена општина во Македонија

Веднаш по општина Тетово, најзагадена општина во земјава вечерва е скопската општина Ѓорче Петров. Мерните иструменти покажуваат дека во оваа скопска општина концентрацијата на ПМ10 честичките вечерва е 205.

Граѓаните од овој дел на Скопје на социјалните мрежи споделуваат стаутуси дека воздухот во Ѓорче Петров вечерва мириса на xeмикалии, гума и пластика и дека навистина е ужacно да се живее во оваа скопска општина.

Инаку, според последните ранг листи и мерења Македонија се наоѓа на деветто место на листата на најзагадени земји во светот.

Свој статус на оваа тема сподели и македонскиот ракометар Столе Стоилов. Тој на социјалните мрежи упати порака до политичарите во која напиша „И вашите деца го дишат овој воздух“.

- Реклама -