САКАМ ДА КАЖАМ
…Јас сум разочаран од Специјалното јавно обвинителство. Како успеаја, со сиот свој ум, знаење, пари и поддршка од цела меѓународна заедница и цела демократска јавност, од својот осомничен да направат сведок, и тоа жртва. Не очекував дека на сите дипломи, правосудни испити, обуки, студиски патувања по Америки, Италии, Франции ќе паднат на чантите и егзибиционизмот на еден измамник како Боки 13. Сѐ што им требаше имаа, моќ имаа, почит имаа… Само естрадниот момент ли им фалел во животот?
И не сум разочаран само од СЈО. Туку и од политичари, видни адвокати, угледни новинари, бизнисмени… Елитата на едно општество. А бе, по 750.000 евра уплаќале на име на авторски хонорар за една измислена организација со помпезно име – демек меѓународен сојуз. Еј, бизнисмениве што треба да ја мрднат економијата… Па пратеници и министри му се поклонуваа како на крал со тоа круната и кралските наметки, а тој ги местеше до себе за да ги фати камерата додека им ја пушташе државната химна. Да стојат мирно, построени до кралот. А тие што не можеле да му направат чест во живо, му се јавуваа со видеопорака.
И – што се случи? Кралот прдна. И ја засмрде цела држава.
Горан Михајловски, СДК, 2 август 2019