И покрај тоа што Contour понуди конкуренција, кога помислувате на акциона камера, помислувате на GoPro.
Компанијата реши да ја зацврсти својата репутација со Hero3 камерата која е помала, полесна и снима со подобар квалитет од нејзиниот претходник. Новата камера беше најавена во Сан Франциско и од GoPro тврдат дека Hero 3 е 30 проценти помал и 25 проценти полесен од стариот модел.
Дополнително, врвниот модел – Black Edition – може да снима видео со 4K резолуција – сепак во оваа резолуција ќе снимате со само 15 рамки во секунда. Побрзиот процесор во камерата овозможува снимање во помала резолуција со повеќе рамки во секунда за правење забавени снимки.
{youtube}A3PDXmYoF5U{/youtube}
И поевтините модели не се лоши: Silver моделот е камера од 11 мегапиксели која може да снима со резолуција од 1080 пиксели и 30 рамки во секунда, а поскромниот White модел е камера со само 5 мегапиксели. Сепак сите три модели ќе имаат Wi-Fi. GoPro започна да прима нарачки со цени од 400 долари за Black Edition, 300 долари за Silver и 200 за White моделот. Овие цени дефинитивно ќе му помогнат на GoPro да остане на врвот.