Производителот на клонови кој минатата недела создаде фалсификат на iPhone 5 сега вели дека подготвува тужба против Apple ако компанијата го понуди iPhone 5 на продажба во Кина.
GooPhone од Хонг Конг го создаде евтиниот Android телефон по објавувањето на првите фотографии од деловите на iPhone 5 во последните неколку месеци, има доста рационален аргумент: нивниот клон се појави прв и сè што ќе се појави по него мора да е копија.
Дури и ако нивниот телефон е базиран на делови од телефон кој сè уште не постои но за кој сите веруваат дека е вистинскиот – бидејќи нивниот клон се појави прв, тој автоматски станува оригиналниот телефон. iPhone 5 е клонот а не кинескиот телефон. [Chinese Phone Maker of the GooPhone i5 might have blocked iPhone 5 sales in China!]