Google создаде дрвен смартфон

Најновата верзија на телефонот на Google Moto X е направена од бамбус. Moto X е првата линија на Smartphones на технолошкиот гигант, формирана откако тој ја купи Motorola во 2012 година.  При нарачка онлајн клиентот може сам да го  „состави” саканиот мобилен телефон.  Првите телефони од серијата излегоа во текот на летото, но дрвената верзија досега беше чувана во тајност.

За 100 долари над стандардната цена смартфонот веќе може да биде  дрвен. Стандардно.  во САД овие телефони чинат околу 200 долари со договор. Бамбусот е вистински, во светла боја. Нарачките се уште се ограничени, а снабдувањата почнуваат во јануари.

images(20)

- Реклама -