Google претстави „робомобил“ без волан и педали

Google е во процес на создавање на автомобил , способен да се движи без човечка интервенција.Иновативниот автомобил беше претставен на конференција во Калифорнија лично од коосновачот на компанијата – Сергеј Брин.

Google

За разлика од други автономни автомобил , ” робомобилот ” на Google нема ниту волан, ниту педали . Патниците во него ја  воведуваат адресата на која сакаат да стигнат, притискаат копче и автомобилот тргнува по зададениот пат. Предвидено е и копче за заставување на место, различно од крајната адреса.

Првично , беспилотниот автомобил ќе биде двосед , со максимална брзина од 40 км / ч. Тој ќе се ориентира на патот со помош на ласерски сензори, радари и камери, дополнети со софтвер од Google. Автопилотот ќе биде вклучен во специјална верзија на услугата Google Maps кој ќе треба да ги предвиди параметрите како на пример ширина на патот , висина на семафорите , знаци за патниот сообраќај , пешачки патеки , боја и тип на одделувачка лента.

Прототипот на автономниот автомобил е креирана од нула, тврди Сергеј Брин. Посебно внимание е посветено на безбедноста – возилото има мек преден браник и стакло што личи пластика.

Google работи во партнерство со компании од Детроит , Калифорнија и Германија , но нивните имиња не се соопштуваат.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -