Apple е многу зафатен во последно време глумејќи негативец кој се обидува да направи се што може за да уништи што е можно повеќе Android направи и HTC, Samsung и Motorola се последните жртви.
Но, има мала промена: Google сега е сопственик на Motorola и тие се подготвени да ја одбраната својата нова сопственост и започнале процедура за забрана на продажба на iPhone, iPad и Mac компјутери во САД. Оваа тужба содржи мала промена со што таа потенцијално би можела да биде доста опасна за Apple.
Ова е прв пат Google да започне одбрана на нивната нова хардверска компанија. Google се вмешува со нивниот целосен адвокатски тим. Google и Motorola се паметни и нивната тужба не се фокусира на глупи теми како икони или четириаголен облик.
Компаниите се фокусираат на украден патент за нестандардни основни патенти. Накусо тие поднеле тужба за патент кој не може присилно да биде лиценциран што значи дека ако Google и Motorola ја добијат тужбата Apple би можел да биде присилен да престане да ја користи технологијата во своите направи.
Сè уште не е јасно точно кој патент е во прашање (наводно тој е „поврзан со wifi“), но јасно е дека Motorola се обидела да постигне договор за лиценцирање со Apple (уште во 2010 година), и Apple наводно одбиле. Motorola тврди: „Сакаме да ги решиме овие прашања за патенти, но Apple одбива да работи на договор што не ни остава друг избор освен да ги одбраниме иновациите на нашите инженери.“ [Google files lawsuit that would see multiple Apple products banned from sale]