Google I/O се приближува и од настанот очекуваме многу новости поврзани со Android. Една од очекуваните новости е 7 инчен Android таблет кој би бил произведен од Asus.
Овој таблет би ги имал следниве спецификации:
- 7 инчен IPS дисплеј со резолуција од 1280×800 и агол на видливост од 178 степени
- Android 4.1 Jelly Bean
- 1,3 GHz Tegra 3 процесор со четири јадра
- nVidia GeForce графички процесор со 12 јадра
- 1GB RAM
- 8 или 16GB вградена меморија
- предна камера од 1,2 мегапиксели, без задна камера
- NFC со Google Wallet
- Android Beam
- Батерија која ќе трае околу 9 часа
Покрај спецификациите, кои се доста импресивни, има и две новини кои се доста интересни. Прво, најевтината верзија на овој таблет, со 8GB меморија, ќе чини само 199 долари додека верзијата со 16GB меморија ќе чини 249 долари. Со вакви цени Nexus 7 ќе биде директна конкуренција за Kindle Fire но со подобар хардвер.
Второ Nexus 7 ќе работи на Android 4.1 Jelly Bean и Google отсега ќе се справува со сите апдејти на софтверот. Ова е важна вест ако Google планира да се справи со апдејтите на сите Android 4.1 Jelly Bean направи, но сепак тоа сè уште не е најјасно. Поверојатно е дека Google ќе се фокусира само на Nexus 7 таблетот.
Што и да се случи овој нов таблет се појавува набргу по најавувањето на Apple’s iOS 6 и Surface и Windows Phone 8 на Microsoft. Сепак ќе мора да се чека уште два дена до Google I/O за да откриеме дали Nexus 7 е вистински производ или само детална измама. [Nexus 7: This is Google’s new Nexus tablet]