Google Maps нè носат под површината на морето (видео)

Набрзо по појавувањето на Apple Maps, Google го најавува подводниот Street View. Овој нов елемент на Google Maps ќе ви овозможи да го погледнете подводниот свет во близината на Хаваи, Филипините и Големиот Корален Гребен.

Google, во соработка со The Catlin Seaview Survey ги создале овие прекрасни подводни фотографии. Можете да пливате со желки и ражи и да го разгледате Заливот Ханаума. Фотографиите биле создадени со камера позната како SVII од нуркачи од The Catlin Seaview Survey.

{youtube}7syWPIZt9B4{/youtube}

- Реклама -