Google Maps им помага на велосипедистите да ги избегнуваат високите ридови

Ако сте велосипедист или сакате да возите велосипед, веќе нема потреба да бидете загрижени дека ќе наидете на висок рид додека се возите.
Google Maps нуди опција која ќе ви помогне да ги избегнувате маршутите со високи искачувања – покажувајќи ви информација за височината.
Велосипедските патеки се дел од картографската услуга на Google веќе неколку години, но досега во нив не беше вклучена опција за одредување на висината на теренот. Велосипедистите требаше, наместо тоа, да зависат од други сајтови и да ги мешаат информациите од нив со картите на Google.
 

Сега, така наречените „височински профили“, се веќе дел од картите на сите држави во кои Google нуди велосипедски патеки. Тоа се државите: Австрија, Австралија, Белгија, Канада, Швајцарија, Германија, Финска, Данска, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и САД. Профилите излегуваат сами, откако ќе ја избереме конкретната патека. Опцијата ни покажува не само графика, која го означува релјефот на патеката, но и точно ни покажуа колку метри треба да поминеме со вашиот велосипед.

 Засега оваа опција е достапна само за десктоп верзијата на Maps.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -