Google ќе нè шета низ амазонската прашума

АмазонИстражувањето на скриените богатства на светот беше работа за храбрите патувачи желни да патуваат низ светот во потрага по најегзотичните делови од Земјата. Но сега, наместо мапа и ранец, оние кои имаат љубопитност и желба да го гледаат светот ќе можат да го направат тоа од удобноста на нивниот дом, само со пристап до Street View на Google.

Секој кој има пристап до интернет ќе може да ја задоволи својата страст за шетање. Камери со висока дефиниција биле испратени на некои од најизолираните делови од светот монтирани на трицикли. Тие до сега имаат снимено околу 48 километри долж реката Рио Негро, втората најдолга река во светот, Месечевиот залив во Јужните Шетландски Острови крај брегот на Антарктик.

Интернет џинот го започнал овој проект за да ги посочи големите штети предизвикани од сечењето на шумите откако биле поканети од добротворната Amazonas Sustainable Foundation. Авантуристите кои не можат да се одделат од луксузот на својот дом же можат да ја гледаат реката Амазон, па дури и да погледнат во внатрешноста на градби бидејќи добиле пристап и до неколку села и патеки кои минувале низ густата прашума.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Фотографиите ќе бидат достапни од ноември под името Amazon Street View. Но оние кои имале среќа да ги искусат длабочините на бразилската прашума велат дека фотографиите едноставно не можат да се споредат со вистинското искуство. Мет Брендон, телевизиски продуцент кој со презентерот Брус Пери снимал во Амазонската прашума вели: „Мислам дека е одлично што сите ќе имаат шанса да ја видат реката на овој начин. А ако имате доволно среќа да можете да отидете таму, тогаш зграбете ја со двете раце.“ [New Google Streetview will take you to the Amazon in your living room]

- Реклама -