Google започна со скенирање на микрофилмови од разновидни историски архиви за кои планира да се прегледуваат и пребаруваат онлајн. Отпрво, овој сервис ќе биде достапен само преку Google News, за да подоцна евентуално се прошири и на веб-страницата на секој весник во архивата. Како и проектот со скенирањето на книгите и тука Google ќе го покрие поголемиот дел од трошоците. А да… ќе заборавевме – Среќен 10-ти роденден Google! [Google to Digitize Newspaper Archives]