Google ќе претстави два смартфони Nexus во октомври?

Според најновите гласини ќе бидат претставени два нови смартфони Nexus од Google оваа година.

Едниот се очекува да е фаблет и да се произведува од кинеската компанија Huawei, а другиот да се произведува од тајванската компанија LG.

Фаблетот Nexus според информациите ќе биде со 5.7-инчен дисплеј, а тој најверојатно ќе биде со чипот на Qualcomm – Snapdragon 810, како и батерија со капацитет од 3 500 mAh.

Тајното име на смартфонот е Bullhead.

5(46)

Во однос на другиот модел, кој се очекува да се произведува од LG, прогнозите се дека тој ќе биде со 5.2-инчен дисплеј и батерија со капацитет од 2 700 mAh.

Чипот најверојатно ќе биде Snapdragon 808, кој LG го користи во последниот смартфон LG G4. Ако гласините се вистинити, тогаш двата модели ќе се појават на пазарот во октомври.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Во случај да се оствари сценариото, корејската компанија LG ќе биде единствената која произвела три серии од моделот Nexus на Google, откако компанијата ги објави моделите Nexus 4 и Nexus 5.

578

Во однос на таблетите со брендот Nexus, гласините се дека моделот Nexus 9 ќе биде единствениот таблет на компанијата, кој ќе се продава оваа година.

- Реклама -