Google ќе им дава предност на безбедните веб – сајтови

Официјално, Google соопшти дека отсега па натаму, преку својот пребарувач ќе им дава предност на оние страници кои ќе бидат повисоко рангирани според безбедноста.

HTTPS-Google-Search

Вакво пребарување веќе е тестриано од страна на компанијата врз страниците кои имаат HTTPSенкрипција и се покажа како успешен проект.

Добивме доста позитивни резултати, па така се одлучивме да користиме HTTPS за содзавање на ранг листа на безбедни сајтови, пишува Google.

Оваа одлука од Google, се очекува да допринесе за поголема заинтересираност на веб – сајтовите да се ослучуваат за енкрипција и HTPPS пристапот, со што ќе бидат многу побезбедни.

Многу сајтови веќе користат HTTPS, но има и голем број кои не се ослучиле на ваков чекор поради заштедување време и трошоци.

Но, како што објаснува Џејсон Харт од консултантската SafeNet за заштита на податоци, сега постојат многу нови и брзи технологиии за енкрипција со кои времето и трошоците не би требало да претставуваат толкав проблем.

google-s

Според Google, секоја компанија би сакала да биде високо рангираната на пребарувачот, па токму поради тоа мнгу од нив би се одлучиле за енкрипција. Освен тоа, компанијата се залага за исклучување на HTTP, а вклучување на HTTPS, со цел секој корисник да се чувствува безбеден на веб – сајтовите.

Во 2011 година, Google, официјално преку својот Gmail го воведе HTPPS пристапот. Во март, 2014 година кон тој чекор се приклучи и Yahoo, за подоцна и Facebook да се одлучи на побезбедно сурфање.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -