Google Instant ги прикажува резултатите од пребарувањето додека пишувате

гуглGoogle Instant е ново големо осовременување на обичното Google искуство, со тоа што овозможува инстант резултати додека пишувате, правејќи го доаѓањето до информации навистина брзо.

google-instant-search-feature-update-485x363Google Instant е ново големо осовременување на обичното Google искуство, со тоа што овозможува инстант резултати додека пишувате, правејќи го доаѓањето до информации навистина брзо.

Еве што е толку добро кај Google Instant:

Побрзо пребарување: Со предвидувањата за вашето пребарување и прикажувањето на резултатите пред да завршите со пишување, Google Instant може да заштеди 2-5 секунди при секој обид.

Попаметно предвидување: Дури и кога не знаете што точно барате, предвидувањата можат да бидат вашиот водич до одговорот. Најблискиот резултат е прикажан со сив текст во полето за пребарување, така што можете да престанете со пишување кога ќе го видите она што ви треба.

Инстант резултати: Започнете со пишување и резултатите ќе се појават пред вашите очи. До сега, требаше да напишете нешто и да стиснете на „Ентер“ копчето, надевојќи се дека ќе се појават вистинските резултати. Сега, резултатите се појавуваат инстантно додека пишувате, што ќе ви помогне во вашата потрага, во секој чекор.
{youtube}ElubRNRIUg4{/youtube}
Ако на пример напишете само една буква – w, ќе се појави временска прогноза за вашата локација. Брзо и едноставно.
weather_-_Google_Search
За да ги прифатите автоматските сугестии на Google, притиснете го Tab копчето додека пишувате, по што ќе ги намалите резултатите.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Google Instant работи на Chrome, Firefox, Safari и Internet Explorer 8, но за да го користите треба да сте најавени со Google сметка.

Според една статистика, ако сите глобално го користиме Google Instant, со секоја секунда пребарување се заштедуваат 11 часа.
{youtube}fx4llLXZVSk{/youtube}
Можете да го пробате уште веднаш, но ако не го гледате, бидете стрпливи и почекајте додека не стане достапен за сите (2-3 дена). Подоцна годинава Google Instant ќе биде достапен и при мобилното пребарување. Доколку од било која причина не сакате да го користите, кликнете на линкот во продолжение на полето за пребарување.

Споредба на старото Google пребарување и Google Instant. Погледнете колку е побрз Instant.

{youtube}Wx0UNFtwWg0{/youtube}
Сепак, некои сметаат дека Google Instant е почетокот на крајот на SEO (оптимизација за пребарувачите). Веројатноста две или повеќе личности да ги видат истите резултати сега е многу мала, правејќи го оптимизирањето виртуелно невозможно. Воедно, преку „инстант пребарувањето“ Google им дава предност на големите компании. Ако напишете A првиот сајт што ќе се појави е Amazon (не Apple), B е за Bank of America, M е за Mapquest (не Microsoft), N е за Netflix, P е за Pandora, V е за Verizon и Y е за Yahoo.

Доколку веќе го користите Google Instant, впишете ги коментарите подолу. Би сакале да го чуеме вашето мислење.

- Реклама -