До крајот на годината се очекува Google да ги пушти во продажба очилата кои ја снимаат реалноста. Колку и да зучи неверојатно, новитетот кој беше промовиран во април минатата година, по долги експерименти се покажа како успешен.
Сега се очекува доработката и пуштањето во продажба на очилата Google Glass со помош на кои може да се сними квалитетно видео на се она што го гледате и истото да го пуштите во интернет етерот.
„Чудните“ очила имаат интегриран микрофон, копче за снимање или сликање и меморија за зачувување на информациите. Единстевно што недостасува е интернет врската. За таа цел овие очила се поврзуваат со мобилен телефон.
Со поддршката на оперативниот систем ОС Android на проѕирните стакла на очилата се појавува бараната информација, најчесто за она што го гледате. Очилата реагираат и на гласовни пораки.
Google Glass за прв пат се појавија на модната недела во Њујорк во септември 2012 година, а подоцна ги носеше и Сара Џесика Паркер. Во моментов можете да ги порачате преку Google, но треба да објасните за која цел би ги употребиле. За истите ќе треба да платите 1 500 долари.
[youtube]http://youtu.be/v1uyQZNg2vE[/youtube]