Google денес слави 15-ти роденден

Роденденот на Google е во септември 1998, но датумот се менувал низ годините, во зависност од тоа кога им се јадело торта. Најчесто се слави на 27 септември, а оваа година е посебен бидејќи е јубилеј.

Google 15-тиот роденден го прославува со Google Doodle кој е интерактивна игра и бара од Вас да соберете колку што е можно повеќе бонбони од пињата. Играта користи HTML5, а работи и на Вашиот таблет или смартфон. Резултатот можете да го зачувате на посебен линк и да го споделите на Google+.

Господин Ѕвонко (Mr. Jinels) исто така се приклучува на прославата со анимација. Само проверете ги Вашите нотификации и ќе ве пречека поздрав.

mrJangles_1998_post

 

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -