Ладните освежителни пијалаци секогаш се добредојдени, но внимавајте со што ја гасите жедта, затоа што некои напитоци се вистинска калориска бомба. Прочитајте кои напитоци ви помагаат да ја одржувате линијата, а кои треба да ги избегнувате доколку не сакате да внесувате дополнителни калории.
Сок
Соковите што содржат шеќер имаа многу калории и претставуваат еден мал одброк. Доколку не сакате да внесувате дополнителни калории избегнувајте ги. Купувајте сокови без шеќер.
Вода
Ако сакате да ослабете водата ќе ви помогне во тоа, затоа што неопходно е од организмот да ги исфрлите вишокот масти. Преку бубрезите и црниот дроб се елиминираат штетните материи, но без вода овие процеси се одвиваат побавно. Водата не содржи калории, а богата е со минерали. Ги обновува ќелиите и ја враќа еластичноста на кожата. Водата е најдобар диететски напиток, може да ја пиете во неограничени количини.
Чај
Овошните и чаевите од билки ја гасат жедта, речиси и не содржат калории и претежно имаат благотворно дејство. Зелениот и црниот чај придонесуваат за исфрлање на течностите од организмот. Чаевите од разни билки се погодно средство за слабеење и претставуваат алтернатива на водата.
Кафе
Кафето не содржи масти и има многу малку калории. Кофеинот го поттикнува метаболизмот, но наместо да го снабдува организмот со течности, тој придонесува за нивно елиминирање. Овој напиток не е диетален. Со кафето секогаш напијте се и чаша вода.
Млеко
Млекото со ниска содржина на масти (1,5%) има речиси двојно помалку калории од полномасното млеко (3,6%), а еднакво минерални материи, како на пример калциум. Млечните масти лесно се варат. Млекото не може да ја згасне жедта, но е богато со хранливи материи.
Вкусни напитоци за слабеење
Сок од цвекло – го елиминира вишокот течности од организмот, ја поттикнува работата на желудникот. Ситно исецкајте 6 листови салата, 1 брокула, 1 цвекло,1/2 корен морач. Исцедете и веднаш испијте.
Сок од краставица – го поттикнува варењето, ја зајакнува крвта. Исечете 1 корен морач, 1/2 краставица, 2-3 моркови. Исцедете и напитокот е готов.