Маурилио (Мило) Манара е легендарен италијански стрипаџија (има цртано за Марвел) и уметник, кој особено е фасциниран и сака да го црта женското тело. Со оглед на тоа дека секој од големите и најпознатите уметници имал своја муза, во серијата „Моделот“ (The Model), Мило им оддава почит отсликувајќи ги нивните музи како што тој ги замислува – од Рембрант, до Гоген.
„Моделот“ не е серија со приказна, туку албум со цртежи, обединет под темата „Уметникот и неговата вечна муза“, објаснува Манара.