Фотографијава, наводно, е од 1939 година, кога Тито со своите соборци престојувал во француски воен логор резервиран за меѓународните сили.
Ја открива новинарот Жељко Виројевиќ додека ја истражувал улогата на Јосип Броз Тито во граѓанската војна во Шпанија. Фотографијата е објавена во Зборникот на шпанските борци од 1961 година, под наслов „Југословени кои се капат“.
Во меѓувреме зборникот бил повлечен од пазарот, а фотографијата никогаш не стигнала до југословенската јавност (сé до пред некоја година), веројатно поради стравовите дека ќе го загрози угледот на Тито.