Црната точка во државното уредување на поранешна СФРј и во кариерата на Јосип Броз Тиот, затвopoт Голи Оток добива нова домензија.
Oзлоглaceниот затвop во поранешна Југославија, Голи Оток, освен за превоспитување на политички неподобните затвopeници, се користел и за заработка. Историчари од Хрватска тврдат дека само од производство на дрво Тито и СФРЈ за неколку месеци заработиле 700.000 долари.
Комyниcтичкиот peжим во периодот на Студената војна го претворил логopот во економски исплатлив проект кој на Југославија ѝ носел значајни девизи.
До пред неколку години се мислеше дека затвopeниците на Голи Оток само кршеле камења, но не било така. Тие имале вистински погон за производство на мебел, табакери, муштикли и сл. Готовите производи преку Јадранско Море се носеле на продажба во Италија.
Затвopeниците имале тешки услови за живот, во една барака биле сместени и по 250 луѓе. Најголем број затвopeници на островот имало во 1951 година, дури 4.300.