Не е јасно дали постои некаква врска помеѓу исклучителниот интелектуален капацитет и употребата на дрога. Но, судејќи според некои од овие уникатни и генијални умови, таквата врска со сигурност постои. Прочитајте кои се омилените дроги на некои од најголемите научници и мислители на човештвото:
Зигмунд Фројд – Кокаин
Кокаинот не само што ги задоволувал личните каприци на Фројд, туку тој го сметал за чудотворна дрога, а и постојано ја промовирал неговата употреба и сите добри квалитети што ги поседува. Во писмото до својата Марта, Фројд пишува: „Ако се биде добро, ќе напишам есеј за кокаинот и очекувам да се најде веднаш до морфиумот, како супериорен… Јас редовно земам мали количини како лек против депресијата и лошото варење, и можам да речам дека забележувам брилијантен успех“. Фројд ја објавил оваа своја работа под наслов „Uber Coca“ и предложил кокаинот да се користи како замена за морфиумот во борбата против зависност. Денес е познато дека тоа е контрапродуктивно, ама терапијата сеуште е популарна во одредени кругови.
Френсис Крик – ЛСД
Крик е еден од тројцата што ја открија структурата на ДНК-та. Наводно, тој им зборувал на пријателите и колегите за своите експерименти со ЛСД, во периодот кога работел на молекуларната структура.
Во негово време, Крик не бил единствениот што користел ЛСД. Академиците од Кембриџ често ја користеле дрогата во мали количини како „алат за размислување“. Во една прилика, Крик дури изјавил дека двојниот хеликс „му дошол“ додека бил под влијание на ЛСД.
Томас Едисон – Кокаински еликсир
Во 1863-тата, хемичарот Мариани го создал „Vin Mariani“, вино третирано со листови од кока. Со помош на етанол, од виното се извлекувал екстрактот на кокаинот од листовите на коката, а добиената количина се движела околу 7 милиграми на една унца вино. Еден од оние што уживале во ваквиот еликсир е и Едисон, познат по својата несоница.
Стив Џобс – ЛСД
Оваа дрога имаше голема улога во неговиот живот. За тоа сведочи неговата изјава дека експериментирањето со ЛСД во текот на 60-тите години е една од најдобрите работи што ги направил во животот. Згора на тоа, Џобс тврдеше дека неговите колеги и пријатели никогаш нема да можат да разберат одредени аспекти од неговата личност, бидејќи никогаш не пробале психоделични дроги.
Бил Гејтс – ЛСД
Пробал ЛСД пред 25 години, ама не бил ентузијаст како Џобс; дури и го избегнувал. Во интервју за Плејбој призна дека експериментирал со дроги, а патем потврди дека еднаш, додека бил под дејство на ЛСД, седел и набљудувал стол, убеден дека ќе полета и ќе му се забие во око.
Џон Ц. Лили – ЛСД и кетамин
Тој е пионер во електронската стимулација на мозокот. Бил прв што го мапирал патот на болката и задоволството во мозокот. Од него стартува цела научна гранка за комуникацијата помеѓу видовите – луѓето, делфините и китовите, а иноватор е и на комората за сетилна депривација. Врз себе извршил еден куп експерименти со дроги што ја менуваат состојбата на умот, како ЛСД-то и кетаминот.
Ричард Фејнман – ЛСД, марихуана, кетамин
Фејнман бил мошне внимателен со дрогите, плашејќи се дека ќе му наштетат на неговиот ум. Од истите причини прекинал и да пие алкохол. Се двоумел пред да проба ЛСД, но љубопитноста победила кога се запознал со Лили и неговата депривациона комора. Експериментирал со ЛСД, кетамин и марихуана, со цел да ги забрза халуцинациите во изолација. ЛСД-то го опишувал како „чудесна направа која од животот прави неверојатно искуство“.
Кери Мулис – ЛСД
Тој ја револуционираше областа на биомедицински истражувања, а доби и Нобелова награда за хемија. Според негови зборови, тајната на неговиот успех се психоделиците – „Експериментирањето со психоделици ми го отвори умот, и беше поважно за моите истражувања од сите курсеви и предавања на кои присуствував. Да не земав ЛСД, никогаш немаше да ја измислам полимерната ланчена реакција (PCR)“.
Карл Саган – Марихуана
Тој е еден од најпознатите астрофизичари и космолози, а не само што бил редовен корисник (пушач) на марихуана, туку и нејзин промотор. Според неговите тврдења, марихуаната ги подобрува менталните способности и го забрзува умот во потрагата по научни вистини. Под псевдонимот Mr. X, Саган има напишано и книга во која ја фали употребата на ова растение.