Големиот ѕид на Розенбург

ROSENBURG-WIND-WALL[1]

Розенбург е крајбрежен град во јужна Холандија кој веќе 50 години не престанува да расте. Пристаништето стана клучна точка во холандската шипинг индустрија, а товарните бродови сé поголеми. Арно ама, Розенбург отсекогаш се справувал со силни ветрови, кои многу им ја отежнуваат работата и им ја загрозуваат безбедноста на големите бродови кои минуваат низ сега претесните за навигација (освен во добри временски услови) водни канали. Затоа, инженерите посветија особено внимание на тоа да овозможат безбеден воден сообраќај.

Некаде на средина на 1980-тите, градот предложи конструкција на „ветерен ѕид“ кој ќе ја намали брзината на ветровите во областа. Проектот им беше доделен на Мартин Струџис и уметникот Франс де Вит, кои имаа задача да создадат концепт за структура која нема да биде грда на око. И така, тие двајцата смислија иновативно решение – изградија серија од полукружни столбови, формирајќи ѕид што ги забавува ветровите и до 75%.

channel-wind-wall-protection[1]Ѕидот не изгледа толку на функционално инженерско дело, колку што личи на скулптура од голем размер, а токму тоа беше и намерата. Ѕидот е и естетски задоволителен (барем од дистанца), а и големо достигнување со оглед на функцијата што ја извршува.

Полукружните столбови се високи 25 метри, а широки 18 метри, распоредени на еднакво растојание. Како што ѕидот наближува кон мостот на Каладанберг на северниот крај на каналот, столбовите добиваат рамна, квадратна форма и се поставени на помало растојание, и со банкина со растечка висина. Тоа создава уште подобра заштита за бродовите, давајќи им поголема стабилност додека поминуваат под мостот.

Ако сте за виртуелна прошетка околу ѕидов, проверете ја интерактивнава Google Street View мапа.

- Реклама -