Главни актерки во денешната модна битка се две прекрасни дами со секси емитување и беспрекорен стил – Никол Шерцингер и Кели Брук. И двете се појавија во ист црн фустан од Ossie Clark за доделувањето на Националните телевизиски награди, со тоа што Никол се појави во него на минатогодишното доделување на наградите, а Кели на овогодинешното.
На изданието на наградите во 2013-та година Никол изгледаше прекрасно во фустанот. Длабокиот шлиц и V деколте и додадоа на визијата на пејачката сензуален изглед, во комбинација со црни сандали со акцент околу глуждот и златен накит од Chanel.
На 23 јануари на овогодинешните награди National Television истиот фасцинантен фустан го украсуваше и телото на Кели Брук. Тоалетата на шармантната дама се надополнуваше од златен појас околу глуждот и црни сандали со каиши.
Лично, ние го одредуваме изборот на тоалета на Кели како голем моден УПС. Според вас непростлива модна грешка ли е појавата на Брук со истиот фустан на истиот настан една година подоцна?
На која и прилега подобро?