Некои песни лесно влегуваат во увото и брзо стануваат големи хитови, а од премногу слушање неретко брзо знаат и да здодеат.
Многу автори и изведувачи признаваат дека и тие самите ги мразат своите големи хитови, а во продолжение еве дел од нив.
Џејмс Блант, ‘You’re Beautifull’
Славниот британски музичар признава дека дури и малку му е непријатно од песната која што го прослави. „Почна да иритира“, вели Џејмс.