Големи фаци што почнаа како лузери

Ги гледаш луѓево и си викаш се родиле под среќна ѕвезда и коцките сами им се наредиле, ама ако погледнеш подобро, всушност ќе сфатиш дека тоа редење на коцките долго, долго траело.

Томас Едисон

Thomas_Edison2-crop[1]

Наставниците му велеле дека е премногу глупав за било што да научи. За волја на вистината, Едисон иновирал повеќе од 1.000 светилки пред да ја создаде сијалицата што всушност функционира.

Чарли Чаплин

city-lights-charlie-chaplin-14440701-1600-1213[1]

На почетокот, извршните продуценти ги одбивале неговите дела, сметајќи дека се премногу нејасни за да бидат разбрани од широката публика. Откако добива шанса, Чаплин станува најавтентичната американска филмска ѕвезда.

Винстон Черчил

3432929_custom-87d1ae719239f435eb0d463f27885bb67aee2ab1-s6-c30[1]

Морал да го повторува шестото одделение. Подоцна, загуби на сите избори на кои се кандидираше за јавна функција, сé до неговата 62-годишна возраст, кога станува премиер на Велика Британија.

Стивен Спилберг

217307-steven-spielberg[1]

Универзитетот на Јужна Каролина три пати го одбил неговото барање за запишување на студии. Спилберг морал да се запише на друг факултет, кој подоцна го напуштил за да стане режисер.

Мерилин Монро

Marilyn-Monroe[1]

Првиот договор со Columbia Pictures бил раскинат под изговор дека не е доволно убава, ниту талентирана за да биде актерка. Сепак, со својата упорност и посветеност, Монро стана една од најголемите икони на Холивуд и секс симбол на сите времиња.

Волт Дизни

Walt_Disney_Bio_Video_1380x715[1]

Дизни бил отпуштен од уредникот на весникот во кој работел, со објаснување дека нема доволно имагинација и добри идеи. Пред конечно да достигне слава со анимираниот филм „Снежана“, Волт се впуштил во неколку неуспешни бизниси. Денес, Дизни создава светогледи, што добри, што помалку добри.

Соичиро Хонда

honda

Останал без работа откако Тојота ја одбила неговата апликација за работно место инженер. Тогаш Хонда го основал својот истоимен бренд за конструирање на мотоцикли, кој денес е интернационален гигант во автомобилската индустрија.

- Реклама -