„На ден 28 јуни во 14 часот мојата драга ќерка Шарлот Емили замина во вечниот живот“, рекол Пирс Броснан за магазинот People.
По тригодишна борба со рак на јајникот, во 41-вата година од животот почина ќерката на Пирс Броснан.
60-годишниот актер е скршен од тага. Тој за магазинот People изјавил дека Шарлот се борела со ракот достоинствено и храбро.
„Нашите срца се полни со болка заради загубата на нашата драга и убава девојка. Се молиме за неа и се молиме лекот за оваа бедна болест да биде достапен еден ден“, продолжил актерот и додал дека им се заблагодарува на сите за искреното сочувство.
Шарлот почина во Лондон, а зад себе ги остави сопругот Алекс Смит, 14-годишна ќерка и 8-годишен син.
Мајка и на Шарлот, Касандра, исто така, починала од рак на јајникот во 1991 година додека била во брак со Пирс, а и самата во тинејџерските денови ја изгубила мајка и од истата болест, пишува People.