Млекара АД Битола почна голема хуманитарна акција во која донира 12.000 пакувања Битолски густ јогурт во повеќе институции и организации низ Македонија.
Со акцијата се опфатени установи и центри за згрижување деца, како што се СОС Детско село, ЈУ за грижа за деца со воспитно-социјални проблеми, Дневниот центар за деца на улица од Шуто Оризари и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бутел. Дополнително, со донацијата се опфатени и хуманитарната организација „Искра“ и здружението „Илинден“.
Новиот Битолски густ јогурт е вистински избор за сите што сакаат добро да се чувствуваат во текот на денот. Целосниот вкус и крем-структурата на Битолскиот густ јогурт ќе направат овој производ да стане неизоставен дел од секој ваш оброк. Битолскиот густ јогурт е идеална и мошне хранлива и квалитетна ужина во комбинација со омилената храна. Произведен е според традиционална домашна рецептура, од најквалитетно млеко.
Како општествено одговорна компанија, „Бимилк“, и покрај ваквите иницијативи кога помошта е повеќе од добредојдена, континуирано им помага и им дава поддршка на хуманитарните организации, на народните кујни, на Црвениот крст и на детските установи, за што сведочат многубројните благодарници и признанија.
Текстот е спонзориран.