Нова студија покажала дека големите земјотреси не предизвикуваат други големи земјотреси по целата планета. Тие најчесто предизвикуваат локални афтершокови, но научниците не забележале појава на земјотреси со просечна силина на оддалеченост над 900 километри.
„Ова не е изненадување за повеќето експерти“ изјавил авторот на студијата Том Парсонс. Но ова е различно од неговото претходно истражување кое откри глобален ефект на малите земјотреси. Парсонс и Аарон Веласко од Универзитетот од Тексас во Ел Пасо ја објавиле својата студија на интернет во неделата во издание на Nature Geoscience.
Тие анализирале податоци од земјотреси во целиот свет кои се случиле во период од 30 години заклучно со 2009 година. Во тој период имало 205 големи земјотреси, со силина од над 7 степени, и 25.222 со силина помеѓу 5 и 7 степени. Истражувачите потоа го анализирале времето во кое се случиле овие земјотреси барајќи докази дека големите земјотреси ги предизвикуваат оние со средна силина.
Тие барале интервали помали од 24 часа, доволно време за сизмичките бранови од големите земјотреси да изгубат сила. Тие откриле зголемен број на земјотреси со средна силина но на оддалечености помали од 900 километри, мнозинстовто од нив биле во радиус од 600 километри. На растојанија над 900 километри, бројот на земјотреси со средна силина не бил поголем од нормалниот.
„Иако таа студија не бараше докази дека големите земјотреси предизвикуваат други земјотреси на големо растојание, новите податоци потврдуваат дека тоа не се случува“ изјавил Парсонс. „Во секој случај, бидејќи во просек годишно се случуваат околу 7 земјотреси со силина над 7 степени, таквиот ефект веќе би бил забележан.“
„Новите резултати го потврдуваат она што повеќето сеизмолози го знаат од искуство. Но убаво е да се види потврда и од научна студија“ изјавил Клаус Џејкоб од Универзитетот Колумбија. Парсонс вели дека по земјотресот на 11 март во Јапонија тој ја набљудувал светската мапа на земјотреси барајќи некакви далечни ефекти. Тој не нашол ниту еден. [Study: Big quakes don’t set off others far away]