ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ ПОКРАЈ ПАТОТ ОХРИД-РЕСЕН

Синоќа избувна голем пожар кај селото Опеница, кое се наоѓа на патот Охрид-Ресен и сѐ уште не е изгаснат. Чадот се шири кон делови на Охрид.

Според официјалните информации, гори нискостеблеста шума на непристапен дел од планината. Во гаснењето се вклучени едно возило и десетмина пожарникари, припадници на Македонски шуми.

Гаснењето е отежано поради непристапниот терен за противпожарните возила.

- Реклама -