Ведрана Панева – Мали е дизајнерка која создаде нова колекција на чевли, што го носи името Mali Shoes.
Брендот е основан со нејзината партнерка Викторија. Во интервју за „Stylist.mk“, Ведрана раскажува за инспирацијата, модата и чевлите.
Двете другарки одлучиле да прават чевли, при разговор на кафе.
„Процесот течеше многу спонтано,седевме на кафе и низ разговор одлучивме да правиме чевли. Колекцијата се состои од 12 пара женски чевли-салонки во пролетни живи бои. Сите се изработени од кожа. И покрај тоа што во Македонија има голем број на фабрики за чевли, не најдовме калап, материјали кои ќе одговараат на нашите идеи и затоа се одлучивме да ги изработуваме надвор од земјата, каде изборот е многу поголем и соработката е многу полесна. Досега ваков тип на чевли во Скопје не можеше да се најде, уникатни се во ограничен број, па се надеваме дека девојките ќе можат да направат голем чекор во „Мали“ чевли“, го започнува Ведрана разговорот.
Таа вели дека чевлите се наменети за млади девојки кои сакаат да се чувствуваат секси и привлечно, а истите ќе се продаваат и онлајн.
„Ќе се продаваат онлајн, на нашата веб страна www.malis.mk, со испорака до вашиот дом/адреса во Македонија, како и интернационално. Мислам дека овој начин на продажба ќе биде олеснителен, бидејќи многу повеќе време поминуваме на интернет, отколку по продавници. Со овој начин на живот во кој времето е луксуз, ние дозволуваме брза достава на креативни и удобни чевли“.
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.