Комбинација од убавината на природата и природната убавина на една жена.
Карстен Вите e талентиран фотограф и креативен дизајнер од Германија. Tој оствари едeн од неговите најневообичаени проекти во серијата „психа“ и „психа 2“.
Во срцето на античката грчка митологија лежи инспирацијата за отсликувањето на понежниот пол во форма на пеперутка. Имено, според митолошките учења жената со крила на пеперутка е олицетворение на душата и дишењето.
Изложбата на Карстен забележа голем успех во Германија и Шведска.
Како и во сите негови дела и тука е присутна една длабочина, еротика, нежност, но не вулгарност – тој точно знае каде завршува и почнува убавината,
Карстен докажа уште еднаш дека голата жена мора да биде претставена како најголемо уметничко дело, создадено од Бога, со дух кој е фасцинантен, и само сака да живее и да ужива во животот.