Голот на Роналдо е најгледан настан во историјата на Лигата на шампионите

Погодокот на Роналдо против Манчестер Сити со кој Реал Мадрид стигна до триумф од 3:2 го урна рекордот според гледаноста во досегашната историја на ТВ преносите во Шпанија.

Досега и Реал Мадрид и Барселона ја освојувале и титулата во ЛШ, но „дуелот од една милијарда евра“, меѓу Реал и Манчестер Сити ги собори рекордите како најгледан телевизиски пренос од еден фудбалски натпревар од ЛШ на подрачјето на Шпанија.

Вкупно 14 милиони и 879 илјади гледачи го следеле мечот барем во еден момент, а таканаречената „златна минута“, во 22.33 часот, кога Кристијано Роналго го постигна погодокот за победа во 90.минута од средбата, во тој момент ја следеле 10 милиони и 89 илјади Шпанци.

Прочитајте и:  Шпанката Лаура Марин пее македонски песни

Шпанската национална телевизија (RTVE) потврди дека тоа е убедливо најгледаниот ТВ пренос во последните 20 години, со „SHARE“ од неверојатни 40 отсто.

Голот на Роналдо забележал уште еден рекорд, го следеле речиси половина (48.6%) од гледачите кои во тој момент гледале телевизија во Шпанија.

- Реклама -