Гол со нос за победа на Реал Мадрид (видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа триумф и на вториот меч во рамките од подготовките во САД, откако рано утринава едвај ја совладаа екипата на Сантос Лагуна со минимални 2:1.

„Кралевите“ одиграа под своите можности, тешко стигнуваа до шанси за гол, а победата ја забележaа со многу среќа, откако противничкиот голман ја боксуваше топката директно во главата на Сами Кедира, од каде што таа се одби и заврши во неговата мрежа.

{youtube}1ynw4LlC0uM{/youtube}

- Реклама -