Ѓоковиќ си собира компири

Новак Ѓоковиќ се уште се рехабилитира од повредата на лакотот поради која се откажа на УС Опен, а српскиот тенисер слободното време го минува во татковината.

Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил објави фотографии од Брзеч, место каде има минато голем дел од детството и каде бил дел од акцијата за собирање на компири на една од нивите на своите пријатели.

„Благодарен сум на искуството што го доживеав во Брзеч. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но истовремено и многу вредни, секој од нив има некоја автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживувам бројни спомени од детството. Сретнувам многу луѓе кои беа дел од моето детство и кои ми помогнаа да го живеам мојот сон како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции, а згора на тоа добив и неколку компири, за трудот“ – напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил.

- Реклама -