Ѓоковиќ минатата година не доби можност да настапи во Мелбурн поради драмата која се случуваше со ковид-19 и на крајот беше депортиран.
„Никогаш не може да ги заборавите тие настани, кои ќе останат длабоко во вас. Така ќе биде до крај. Не сум имал такво искуство претходно, се надевам дека нема да имам ниту во иднина, но беше интересна лекција. Не ја заборавив депортацијата, но ја сакам Австралија“, вели Ѓоковиќ.
Србинот го освои пехарот во Мелбурн дури девет пати во неговата богата кариера.