Новак Ѓоковиќ се пласира во осмото финале на Австралија опен со денешната рутинска победа против Роџер Федерер (7-6/1, 6-4, 6-3).
Големиот фаворит ги оправда очекувањата на фановите и го надигра својот вечен ривал, против кого го играше 50-от меѓусебен меч.
Неизвесност имаше само во првиот сет кога швајцарскиот тенисер започна со брејк. Но, истиот го загуби кога сервираше за водство, а во тај-брејкот беше немилосрдно понижен со 7-1.
Маратонскиот сет ги натера двата тенисери да повикаат медицински тајм-аут. Остатокот од мечот целосно му припадна на Србинот, кој искусно чуваше сили и играше агресивно кога се кршеше резултатот.
Во вториот сет го одзеде сервисот на Федерер во завршницата за конечни 6-4, а сличен исход имаше и третиот, кој стави точка на оваа полуфинална пресметка.
Ѓоковиќ ќе чека противник од мечот меѓу Доминик Тием и Александер Зверев.