Ѓоковиќ ја запеа Македонско девојче (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, приреди изненадување за неговите фанови особено за Македонците. Тој по триумфот во 3-то коло на Вимблдон запеа.

Заедно со физиотерапевтот Миљан Амановиќ се вклучи во живо на Инстаграм за илијадниците свои фанови од светот, од Лондон, и ја запеа песната „Македонско девојче“.

– Охридско Езеро… Ех, како би сакал да сум сега таму. Испратете ми некоја фотографија од Охрид, ве молам, порача Ѓоковиќ и дополни:

– Македонско девојче… Многу е убава оваа песната!

- Реклама -