Господ ми е сведок за сѐ што направив за мојот сопруг. Иако беше на смртна постела, беше среќен што ја почувствува мојата љубов и јас неговата. Единствениот маж кој беше мој заштитник, кој постојано ми даваше комплименти и ми ја враќаше самодовербата, изјавила неутешната пејачка.
Српската пејачка Гога Секулиќ неодамна го изгуби нејзиниот сопоруг Игор Рамовиќ кој почина од рак. За српскиот весник „Курир“ пејачката рекла дека ѝ е тешко и дека не знае како да се справи со целата ситуација.
„Кога некој искрено сакаш, кога во зрели години ќе најдеш партнер за брак и кога ќе се случи нешто вакво, не знаеш што понатаму, не знаеш што да правиш. Десет дена по свадбата го заболе стомакот. Отиде на лекар, а тие му рекоа дека е вирус. Отидовме на ултразвук, каде што нѐ дочека шок!. Лекарот рече дека има впечаток дека гледа наоди на тешко болен пациент во години, а не на млад човек“, открила Гога.
Желба на Игор било да не се зборува за тоа, па Гога молчела иако тоа тешко ѝ паднало затоа што сметала дека би можела да добие добар совет од некого.
„Две недели криевме од семејството и пријателите дека Игор е многу болен. Меѓутоа, окружувањето забележа дека тој не е ист, дека е нервозен, дека чудно се однесува, па им кажавме на најблиските што се случува, а набрзо потоа отидовме во Хајделберг, каде што лежеше еден месец“, рекла Гога.
Со оглед на тоа што Игор ја платил нивната гламурозна свадба еден месец претходно, Гога морала да даде 30 000 евра за негово лекување во Германија.
„Само еден преглед и консултација чини 1 500 евра. Не размислував колку чини. Сакав да правам и хуманитарни концерти за него. Кога и да речеа лекарите дека нема надеж, јас зборев дека има, да му ја сменат крвта, органите. Немаше спас, иако верувавме дека има. Почна стомакот да му се полни со вода, течноста да му се спушта во нозете. Имаше метастаза, која зафати дел од панкреасот“, раскажала пејачката.
Игор направил две хемотерапии, но бубрезите му откажале. Починал на 14 јули во 20 50 част.
„Тој ден му дадоа маска со кислород, го покрија со чаршав и сѐ ми беше јасно“. „Дента кога почина само го галев, бакнував, му зборував убави зборови, му изјавував љубов, го држев за раце, му велев дека нема да го дадам. Ми умре на раце. Вриснав, а лекарите ми дадоа лекови за смирување“, рекла Гога и додала дека направила сѐ за својот сопруг.
„Господ ми е сведок сѐ што направив за мојот сопруг. Иако беше на смртна постела, беше среќен што ја почувствува мојата љубов и јас неговата. Единствениот маж кој беше мој заштитник, кој постојано ми даваше комплименти, и ми ја враќаше самодовербата. Многу ми е жал што не останав бремена. Тоа ќе ми дадеше сила“, завршила Гога.