Кинезите ја прославуваат Новата година на 19 февруари, како и почетокот на владеењето на хороскопскиот знак на Козата.
Ова животно во нивната култура се смета за симбол на мирот, кротоста, нежноста и умереноста, па во наредните месеци може да очекуваме креативни струи, помирувања и можност да се исправат грешките.
Во кинеската култура козата е симбол на мир, хармонија и спокојство, на не е чудно што ова ќе бидат главните детерминанти во наредната година според кинескиот хороскоп. Наместо кавги и војни, пред нас е време на помирување и мирни компромиси.
Таа, исто така, е пасивна но и нежно животно, па новата кинеска година ќе содржи потреба за здружени заеднички сили во правење на добро. Дополнитело ќе просперираат знаците кои веруваат во добрината, среќата и успехот.
Заедништво и семејни односи
Меѓу членовите на семејството и деловните партнери можни се конфликти- годината на Козата не потиснува сомнежи, лутина и желба за збогатување, но се обидува да ги ограничи своите смирени ноти на што е можно поцивилизиран начин.
Годината на Козата ќе делува позитивно на семејсните односи, и ќе поттикне единство, лојалност и дисциплина. Кавгите брзо ќе се надминуваат, а емотивните рани брзо ќе заздравуваат. Затоа на сите се сугерира да посеганат по изговорите и прекршените зборови за да се исправат неправилностите во меѓусебните односи.
Деловен просперитет и љубов
Козата исто така е симбол на уметноста, па во следната година се прогнозира успех на сите кои се занимаваат со креативни професии, од глума до пишување. Исто така, се препорачува работење на креативни идеи во секојдневниот живот.
Животот е убав, е омиленото мото на романтичната Коза, која лесно се заљубува, но и брзо губи интерес. Во нејзината година можни се еуфорични заљубувања и градиозни љубовни приказни кои ќе остават голема трага во срцата и мислите.
Времето на хармонија ќе биде нарушено двапати во кинеската година на Козата: од 20-ти март до 20-ти април, и од зимската краткоденица (22.12.2015) до 20 јануари 2016 година.
Во знакот на козата се лицата родени во: 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991 и 2003 година.