До сега не покажуваше знаци на стареење, но последните фотографии од славната манекенка во бикини јасно даваат до знаење дека веќе влегува во четвртата декада од животот.
Кејт Мос во јануари ќе наполни 40 години и изгледа дека повеќе не се грижи толку за линијата па пуштила стомаче.
Папараците ја уловија на шпанскиот остров Форментера каде што е на одмор со нејзиниот сопруг Џејми Хинке и ќерката Лили Грејс, 10. Кејт Мос изгледа опуштено, а има и зошто со оглед на тоа што минатата година заработи 12 милиони фунти преку нејзините бизниси, па нема за што да се грижи.