Многумина ќе го познаат од прва. Многумина и нема, ама ќе им изгледа познато.
Нормално, затоа што се работи за најголемиот злосторник во историјата (така сме се договориле, инаку има и поголеми), лидерот на Третиот Рајх – Хитлер. Не само што бил препознатлив по своите бркови, туку денес тие бркови практично никој не смее да ги носи, затоа што веднаш во туѓата перцепција го поврзуваат со Хитлер.
Едно време објавивме галерија насловена „10 фотки што докажуваат дека без бркови си друг човек“. Баталете ја. Сликава од Хитлер без бркови е сé што ни треба како аргумент за таа теза. Вака бричен (во Фотошоп), да е жив, може да ти стане пријател, заедно да пиете, да ви се дружат и децата, да искачате во парови, и пак да не ти текне дека е тоа Хитлер, ако сам не ти каже.
[spoiler title=’Оригиналната слика (клик)’ style=’default’ collapse_link=’true’]
[/spoiler]