Германски товарен брод спаси американски поморец од неговата онеспособена едрилица по 66 дена откако беше прогласен за исчезнат во водите на Атлантикот, соопшти американската крајбрежна стража.
Семејството на Луис Џордан(37) го пријави неговото исчезнување на 29 јануари. Германскиот брод за превоз на контејнери „Хјустон експрес“ го згрижи Џордан во четврток, пронаоѓајќи го на околу 320 километри од брегот на Северна Каролина. Џордан потоа со хеликоптер беше префрлен во болницата во Норфолк во Вирџинија. Неговата здравствена состојба е оценета како ’добра’ и покрај дехидрацијата и скршената клучна коска.
На неговата едрилица и бил скршен јарболот, а во моментот кога Џордан бил пронајден, пловилото било потопено до половина.
Како што наведуваат медиумите, Џордан преживеал благодарејќи на сировата риба и дождовницата.