Го прифаќате ОВОЈ предизвик?

Што би ве натерало да се полиете со кофа мраз студена вода?
Во последниве неколку дена се појавуваат видеа од познатите во кои си истураат кофа ладна вода врз себе.

До сега на предизвикот „Ice Bucket Chalenge“ одговори и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг, Бил Гејтс, но и Опра, Џастин Бибер, Џесика Алба, Гвен Стефани, Џенифер Лопез… и мнгоу други познати личности. А потоа ја имаат таа „чест“ да предизвикаат уште тројца на истиот предизвик.

Предизвикот е создаден со цел да се соберат донации за борба против Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Во 2012 година безбол играчот Пит Фратес бил дијагностициран со оваа болест, и тогаш беше започната кампања од Бостон и се прошири ширум светот.

Дали сте подготвени за предизвикот? Овие ѕвезди со задоволство го прифаќаат!

- Реклама -