Го паметите ли? Славното дете бара донатор за неговиот татко

Фотографијата од насловната беше заслужна што Семи Гринер стана вистинската ѕвезда на интернет.

Имено, неговата мајка ја објави оваа фотографија во 2007 години, а за речиси миг истата се најде на милиони коментари на социјалните мрежи, гифови, видеа, мемиња…Се работи за момче кое јаде песок, но корисниците ја користат во насока на „Успешно дете“, па така денес симболизира победа.

s1

Семи сега има 8 години и му помага на својот татко, кој има проблеми со бубрезите да пронајде донатор и да соберат пари за операција и лекување.

Во 2006 година, на неговиот татко Џастин Гринер му била дијагностицирана болест на бубрезите, а три години подоцна, тие откажале. Од тогаш, човекот поминува постојано низ процедури за чистење на телото.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

s2

Од таа причина Семи и неговата мајка отворија страна за донации. Како што пишуваат медиумите, неговата мајка не сакала да ја користи славата на својот син, но подоцна сфатила дека Семи им е голема надеж да останат сите заедно.

„Помислив дека можеме да му помогнеме на Џастин, ако луѓето дознаат дека тој е таткото не детето, кое секојдневно успева да насмее многумина“, раскажува неговата мајка.

s3

Донирањето е во тек, а засега семејството Гринер успеа да собере и повеќе од потребното. Тие се задоволни со фактот дека и по толку години, луѓето од целиот свет се сеќаваат на Семи и се подготвени да му помогнат на неговиот татко.

s4

- Реклама -