Го насликала човекот на нејзиниот живот и случајно го пронашла

Сликарката Клое Мајо, пред четири години насликала како би сакала да изгледа  мажот од нејзините соништа. По некое време, нејзините желби се отствариле кога го запознала во живо. 

Имено, сликата настанала во 2009 година, кога Клое насликала маркантен маж со брада во нејзините прегратки. Сепак, тоа била само уште една од многуте слики, па и самата не обратила премногу внимание на неа.

„Почнав да сликам со надеж, дека ќе успеам да создадам убава декорација за ѕидовите. Слика на заљубен пар ми се чинеше идеална за во просторот“, изјавила Клое.

Не премногу долго, потоа, во потрага за дечко, таа се вклучила на Интернет страница за запознавање и поврзување на парови, каде го запознала триесетгодишниот Мајкл Гоеман, со кој започнала да се допишува.

Кога конечно се запознале Клое била и повеќе од изненадена кога го здогледала Мајкл и сфатила колку тој личи на мажот кој го насликала.

tekstpip

 

Парот започнал љубовна врска која траела 18 месеци, после што Мајкл ја запросил за време на престојување во Франција. Сликата денеска има посебно место во нивниот заеднички дом.

„Никогаш не ми паднало на памет, дека можам да предвидам кој ќе ми биде маж. Но, ете веројатно се работи за судбина“, додала Клое.

 

- Реклама -