Кафуле во облик на гнездо (видео)

Жан Жулиен е француски графички дизајнер кој со своите несекојдневни и бизарни проекти редовно ја изненадува јавноста. Неговиот најнов проект е наречен Le Nid, односно гнездо (преведено од француски). Станува збор за необично кафуле во градот Нант, во западна Франција, чиј внатрешен изглед целосно соодвествува со неговото име. Гостите наместо на стандардни фотелји седат на лушпи од јајца, затоа што се наоѓаат во „гнездо“.

Всушност, целиот бар е создаден во облик на птица. Почнувајќи со нејзиниот долг врат кој го обвиткува целиот простор, завршувајќи со нејзината глава. Целиот простор е исполнет со голем број столчиња во облик на скршени јајца и лушпи од јајца, но и со масички во истиот стил, со што местото добива навистина уникатен печат.

За да биде автентичниот амбиент дополнително нагласен, братот на Жан кој е музички изведувач кој се претставува под името Niwouinwoui создал оригинална музика специјално напишана за ова кафуле. Исто така, впечатокот е заокружен со прекрасните панорамски глетки на гратчето Нант.

Идејата е навистина едноставна, но концептот е екстремно добро реализиран. Погледнете го видеото и уверете сѐ! 🙂

{vimeo}45135010{/vimeo}

- Реклама -