На специјална манифестација во Детроит Chevrolet ја претстави новата генерација на Camaro.
Производството на шестото поколение од моделот ќе биде организирано во фабриката на General Motors Lansing Grand River во Мичиген, а продажбата ќе започне кон крајот на оваа година.
Во Chevrolet велат дека за да го создадат најдобриот Camaro во историјата на моделот, се потпреле на три фундаментални елементи: дизајн, технологија и перформанси. Во компанијата се надеваат дека шестата генерација на набилданиот автомобил ќе стане нов репер за сегментот и ќе привлече уште повеќе приврзаници и фанови.
Надворешно новото Camaro изгледа сосема порадикално во однос на досегашната изведба, всушност во оваа машина нема речиси ништо од петтата генерација на моделот, дури околу 70% од сите детали се развиени „од нула“. Конструкцијата е засилена за 28%, а тежината е намалена за 90 килограми, благодарение на употребата на алуминиум и лесни легури. Во текот на развојот автомобилот поминала 350 часа испитување во воздушниот тунел.
Димензиите на новиот Chevrolet Camaro се 4.784×1.897×1.348 mm и меѓуоскино растојание од 2.811 mm. На овој начин, во споредба со претходникот новината е за 57 mm пократкa, за 20 mm потесна и за 28 mm пониska, а растојанието помеѓу неговите оски е скратено за 41 mm.
Во агрегатската гама за прв пат влегува 2.0-литарско турбо четирицилиндерски мотор, кој генерира 275 КЅ и 400 Nm, забрзува од место до 100 km/h за околу 6 секунди. Освен тоа новиот Chevrolet Camaro, ќе биде достапен со 3.6-литарски V6 (335 КЅ и 385 Nm) и со 6.2 LT1 V8 (445 КЅ и 617 Nm). Последниот ќе се монтира во топ верзијата Camaro SS, која за прв пат ќе добие адаптивна суспензија Magnetic Ride Control.