Глувци кои црцорат како птици (видео)

распеан глушецЈапонски научници со генетски инженеринг создале глушец кој пее како птица. Тим на истражувачи од Универзитетот во Осака одгледуваат генетски модифицирани глувци кај кои е зголемено погрешното копирање на ДНК со што тие стануваат поподложни на мутации.

Распеаниот глушец бил создаден како дел од проектот Еволуиран Глушец. Научниците се надеваат дека со помош на овој глушец ќе научат нови работи за тоа како еволуираат јазиците. „Мутациите се најважниот дел од еволуцијата. Неколку генерации ги спаруваме модифицираните глувци за да видиме што ќе се случи“ изјавил водачот на тимот Арикуни Учимура. „Ги проверивме новороденчињата едно по едно, и најдовме глувче кое пее како птица“ додал тој.

Тој рекол дека „распеаниот глушец“ бил создаден сосема случајно, но дека тој ќе ја пренесе таа карактеристика на своите потомци. „Бев изненаден зашто очекував глушец кој ќе биде физички различен. Како дел од проектот биле создадени и глушец со покуси екстремитети и еден со поинаков опаш.“ Лабароторијата сега има создадено над 100 „распеани глувци“ за понатамошно истражување.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Линк до видео
 
Во повеќе земји во светот се врши истражување на еволуцијата на јазиците со помош на птици. „Глувците се подобри од птиците бидејќи се цицачи и структурата на нивниот мозок е поблиска до онаа на луѓето а постојат и други биолошки аспекти. Набљудуваме како глушец кој испушта нов звук ќе влијае врз обичните глувци во групата.“ Тимот открил дека обичните глувци кои израснале крај распеаните глувци испуштале помалку ултразвучни цивкања од останатите. Ова значи дека методот на комуникација може да се рашири во истата група како дијалект. [The mouse that tweets like a bird: Japanese scientists create genetically-modified animal]

- Реклама -