Овојпат, нашите сили ги насочуваме кон продукција на циклус видео интервјуа на најразлични теми: актуелни, интересни, корисни со соговорници кои и тоа како, имаат што да кажат и раскажат.
Чест ни е да ви го најавиме првото Gostivarpress.mk интервју коешто ќе го емитуваме денес. Наш гостин во студиото е д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог во гостиварската општа болница. Разговараме на теми кои се негова експертиза како дијабетот и функционирањето на тироидната жлезда, отвораме и општи теми за здравјето, навиките, превентивата. Ќе имате можност да слушнете медицински совети кои ќе ви бидат од корист, но и тоа како се чувствува еден лекар кој преживеал застој на срцето, бил поставен на респиратор и се лекувал и закрепнувал на Клиниката за кардиологија месец и половина, а сега дневно прегледува и се грижи за 70-80 пациенти во амбуланта.
Премиерата на интервјуто со д-р Бошкоски ќе ја прикажеме вечерва на нашиот Јутуб и Телеграм канал.
Бидете со нас! Следува отворен, искрен и на моменти емотивен разговор.